170 000 ПОГЛЕДИ И КОМПЛЕТНА МИСТЕРИЈА: Кралицата на Ноќта на вештерките Хајди Клум објави нов чуден костим (ВИДЕО)
Секоја година германската манекенка го остава Светот без здив со необични костими и сите едвај чекаат да видат каков избра за оваа година.
Кога станува збор за светските sвезди, нема сомнение – манекенката Хајди Клум е во центарот на вниманието секоја Ноќ на вештерките.
Познатата убавица сака да се маскира и е многу креативна, па досега ја гледавме како чудовиште, Фиона од „Шрек“, Клеопатра, Мајкл Џексон, Џесика Ребит, приказ на човечки мускули, постара дама со стап… Секоја година таа прва открива делови од нејзините комплексни трансформации на социјалните мрежи и го најавува костумот пред официјално да го видиме, така што оваа 2020 година не е исклучок.
Клумова сподели видео на Инстаграм на кое се гледа како лежи на подот од гаражата додека три лица со заштитни маски работат на нејзиниот нов костум и напиша:
– Добро, луѓе, почнуваме!