Актерките Шарлиз Терон и Ева Мендес добија „make over“ од децата, а водителот Џими Кимел го стори истото кога и даде на својата ќерка да го дизајнира неговиот изглед.
Шарлиз Терон има две ќерки, Џексон има 8, а Август 5 години. Девојките си играат со шминка, а мама е секогаш подготвена да позира и да се изрази креативно.
Лицето на Ева Мендес служеше како платно за сликање на нејзините две ќерки, 6-годишната Есмералда и 4-годишната Амада Ли.
Џими Кимел и даде на својата 5-годишна ќерка Џејн да го нашминка. Малото девојче му стави вештачки трепки и кармин, па дури и го накити со ланче.