КОЈА ДИЕТА Е НАЈДОБРА ЗА ВАС? Кето, low carb, пост, палео – предности и недостатоци на различни програми за исхрана

popara4 ноември, 20201min0
dijete

Не, немојте за само само десет дена да изгубите пет килограми; бидете и фит и сити цел живот (авторски текст од поранешен извршен уредник на Men’s Health)

Па си се стопила, каква е таа диета? – Ова е најгрешното можно прашање од областа на исхраната, што се изговара скоро секој ден денес. „Сакам да се ослободам од овие наслаги тука, а ова да ми остане“, е исто така упатството што повеќето клиенти му го даваат на својот нутриционист или тренер, покажувајќи загрижувачки ниска свесност за тоа што е телото, за што служи и како се менува.

Пантер и газела

Човекот е животински вид и неговата анатомија и метаболизам не отстапуваат од општите правила на анатомијата и метаболизмот што управуваат со животинскиот свет. На пример, ако живеете како газела, вашето тело многу брзо ќе ги доби контурите и способностите на газелата. Тоа би значело џвакање на мало количество влакна во текот на денот и трчање, приближно, еден маратон на ден. Ако сакате да изгледате како пантер, доволно е да тренирате слободно качување три до четири часа на ден и да јадете еднаш неделно, исклучиво месо (со коски и црева). Ова, се разбира, би било доста тешко, но, за среќа, никој од нас не сака да изгледа како пантер, туку како човек кој наликува на пантер. Ова ги олеснува работите во врска со диетата и активностите.

Ако зборуваме за нарушувања во исхраната кај денешниот човек, тоа, всушност, се заснова само на две работи: премногу шеќер и премногу храна воопшто. Благодарение на маркетингот на прехранбената индустрија, просечен поединец денес јаде околу 1,7 пати повеќе отколку што јадел обичен припадник на човечкиот вид во 1970-тите. Од друга страна, голем број дигитални технологии ја намалија потребата за движење за приближно иста количина. Фигуративно кажано, ние истураме нуклеарно гориво во косилка за трева.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag