Лејди Гага го искористи предизборниот митинг на Џо Бајден за да зборува за својата пропадната свршувачка

popara4 ноември, 20207min0
1340657

Пејачката Лејди Гага се запозна со актерот Тејлор Кини на снимањето на спотот за нејзината песна „You and I“, по што тие беа во врска пет години. Тие се верија во 2015 година, но следната година ја раскинаа свршувачката, за што пејачката зборуваше во понеделникот пред нејзиниот настап на митингот на претседателскиот кандидат Џо Бајден во родната држава, Пенсилванија.

„Бев верена со еден човек од Ланкастер, Пенсилванија. Знам, знам, не успеавме. Го сакав многу, но едноставно не успеа“, рече Лејди Гага за време на нејзиниот настап и додаде дека сè уште го сака момчето од Пенсилванија.

„Го сакам Џо, па тој е мојот нов дечко од Пенсилванија“, рече Гага и започна да го изведува својот хит од 2011 година „You and I“, менувајќи дел од песната со вметнување на името на поранешниот потпретседател во текстовите на песната.

Лејди Гага и 39-годишната sвезда од серијата „Чикаго во пламен“ беа во петгодишна врска откако се запонзнаа на снимањето на нејзиното видео „You and I“ во 2011 година. На Денот на вљубените 2015 година, Кини стави прстен во форма на срце на раката на Гага, но свршувачката се растури веќе следната година.

Списанието „People“ во тоа време дозна дека раскинувањето го поттикнува големата оддалеченост.

„Таа работи на албум, тој е на неговата серија, не беа во иста држава и беше тешко. Двајцата многу се сакаат и сакаа тоа да функционира, но едноставно беше тешко на толку голема далечина “, изјави извор за „People“.

Лејди Гага го потврди раскинувањето на свршувачката во јуни 2016 година во изјавата објава на Инстаграм.

„Тејлор и јас отсекогаш верувавме дека сме сродни души. Исто како и сите парови, имаме подеми и падови, па затоа решивме да паузираме. Двајцата сме амбициозни уметници кои со нашите долгорочни и сложени распореди се надеваа на успешно продолжување на едноставната љубов што ја чувствувавме еден кон друг. Ве молиме, за поддршка. Ние сме како сите други и навистина се сакаме“, напиша тогаш Лејди Гага.

Во нејзиниот документарен филм „Gaga: Five Foot Two“ ​​од 2017 година, поп-sвездата посочи на можноста дека нејзината растечка кариера може да придонесе за раскинување на свршувачката.

„Направив филм и го изгубив Тејлор“, рече Гага, осврнувајќи се на нејзината улога во „Sвездата е родена“, додавајќи: „Ова е трет пат моето срце да биде скршено вака“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag