Познатиот холандски сликар Винсент ван Гог (1853-1890) најверојатно имал две епизоди на делириум тременс кога одеднаш се обидел да се ослободи од алкохолот, покажа новото истражување од Холандија.
Покрај тоа што е одличен уметник, Ван Гог е познат и по тоа што за време на расправа си го отсече левото уво, пишува Би-Би-Си.
Потоа ја отфрли можноста дека станува збор само за обичен наплив на уметничко лудило, а подоцна негираше дека претрпел нервен слом. Сепак, истражувачите од Медицинскиот универзитет во Гронинген ја откриле позадината на неговата ментална состојба, бидејќи тие ја истражувале неговата психа врз основа на стотици писма што ги испратил, претежно до неговиот брат Тео. Откриле дека уметникот најверојатно имал две епизоди на делириум тременс, предизвикани од ненадеен прекин на алкохолот, откако си го отсекол увото.
Истражувачите се оградија од изјавата дека не можат да тврдат дека ова е 100 проценти точно затоа што „пациентот не е жив за да одговори на нивните прашања“. Делириум тременс е најтешка компликација на болеста на алкохолизам и се јавува по ненадеен прекин на потрошувачката на алкохол, а некогаш смртноста од овој чин беше до 35 проценти, денес е околу три проценти.