
Вистинската драма се одвиваше во холандската зоолошка градина „ДиеренПарк“ во Амерсфорт. Двајца мажјаци африкански пингвин украле јајца од гнездото на две женки африкански пингвин.
“Геј пар пингвини во нашиот парк однесоа цело гнездо јајца на лезбејски пар пингвини. Хомосексуалноста е почеста кај овој вид птици. Двете птици се гнездат на јајца, наизменично го чуваат гнездото”, напишаа работниците од паркот на Твитер. Чуварите на зоолошката понекогаш даваат истополови парови јајца на пингвин за да ја разбудат нивната желба за родителство. Така, лезбејската двојка доби целосно гнездо со јајца, а потоа му се прикраде друга геј двојка.