Физички се трансформира, но во душата остана скромна девојка!
Медисон Де Ла Гарсија се прослави како симпатична, буцкаста Хуанита Солис во серијата „Очајни домаќинки“, а девет години по крајот на снимањето, таа веќе не е девојката што ја паметиме.
Да потсетиме, Медисон ја играше ќерката на Габриела Солис во серијата од 2008 до 2012 година, чиј лик е Ева Лонгорија, а денес прерасна во неверојатна убавица.
Вообразната мајка на Габи падна во сенка пред нејзината ќерка Хуанита, која беше сосема спротивна од неа. Семејните несогласувања беа извор на најдобриот телевизиски хумор.
Оваа 18-годишна девојка сè уште се занимава со глума, а во исто време се обидува да се пробие како сценарист.
Пред две години, славната Хуанита дипломираше, а нејзините најави за важни животни настани и времето што го поминува со пријателите зборуваат во прилог на фактот дека славата не ја сменила.
Многумина ќе се израдуваат со фактот дека ќерките на Габриела Солис го одржуваат пријателството што започна на снимањето на „Очајни домаќинки“.
– Среќен 16-ти роденден и Светски ден на сестрите на мојата доживотна сестра – напиша таа покрај фотографијата со телевизиската сестра Силоја, чиј лик го толкуваше актерката Даниела Балтодано.
Неодамна и Медисон ја смени бојата на косата, а судејќи според позитивните реакции на социјалната мрежа Инстаграм, направи полн погодок.