Дали некогаш сте посакале да земете метла и да летате кон облаците? Па, тоа сè уште не е можно, но се чини дека сме сè поблизу до остварување на сонот на љубителите на вештерки и волшебници.
Еден проект на платформата Кикстартер ги воодушеви сите обожаватели на серијалот Хари Потер. Алесандро Русо Силвеира направи електрична метла, што е всушност уницикл на кој има метла, а навистина изгледа како да се возиш со летачка метла. Иако навистина не можете да летате, проектот Real Flying Broom тврди дека чувството додека се возите со овој велосипед е навистина како да летате. На метлата има и седиште за да му се обезбеди удобност на корисникот. Оваа летачка метла доаѓа во четири верзии кои се разликуваат во перформансите, но исто така и во мали детали, како што е златото на рачката или некој врежан отпечаток.
Креаторот на ова електрично возило истакнува дека максималната брзина е 30 км на час, додека батеријата може да трае 45 километри. Тие посочуваат дека една метла ќе чини од 42 до 50 долари, но цената најмногу зависи од трошоците за испорака. Иако не е практична, оваа метла изгледа како интересна идеја, што може некој да го развие понатаму во иднина.