
Мажот секогаш го менува своето однесување по мамењето.
Истражувањето го направи канадската страница за запознавање „Ешли Медисон“ на која покажа дека 61 процент од прељубниците (од 1.400 испитаници) признаваат дека не се блиски со родителите на нивниот партнер.

Ако вашата подобра половина избегнува семејни дружења, причината може да биде совеста, пишува „Дејли Стар“.
Паротерапевт и автор на „Новата моногамија: Редефинирање на вашата врска после неверство“, Тами Нелсон објасни:
Држењето дистанца од родителите на вашиот партнер може да биде показател за незаинтересираност за брак или барем за почитување на моногамијата – објасни таа.
