10 000 чекори на ден што треба да ги направиме за нашето здравје е златен стандард со децении, но според новите истражувања, дури 4400 чекори имаат големо влијание и врз менталното и физичкото здравје.
Секој телефон денес го мери бројот на чекори што ги правиме за 24 часа. Универзална цел е да поставите 10 000 чекори на ден. Нема медицинско истражување врз основа на кое е добиена оваа бројка, иако се прават многу студии во кои научниците се обидуваат да ги утврдат придобивките од 10.000 чекори. Инаку, овој број на чекори одговара на прошетка долга околу осум километри.
Зошто, од гледна точка на лекарот, се препорачуваат 10 000 чекори, во кој ритам треба да ги правиме и како навистина одењето влијае на нашиот организам? Дали 10.000 чекори се златен стандард или доволни за здравје се и помалку?
Колку чекори се доволни за добро здравје?
Десет илјади чекори за еден ден се златен стандард со децении, но дури и 4400 преземени чекори имаат големо влијание врз општата состојба на организмот, како на психата, така и на физичкото здравје, според најновото истражување.
Една студија спроведена во “Brigham and Women’s Hospital” следеше 16.741 жена за седум дена во текот на четири години и евидентираше колку чекори направија на ден.
Жените кои правеле околу 4.400 чекори на ден во текот на четири години го намалиле ризикот од предвремена смрт за 41 процент.
Жените кои направиле просечно по 5.900 чекори го намалиле ризикот од смрт за 46 проценти. Жените кои правеле околу 7.500 чекори на ден имале најмал ризик од смрт.
Заклучокот на истражувањето е дека одењето само по себе во голема мера влијае на нашето здравје и долговечност.
Правилото за еден ден да се направат 10.000 чекори се појави пред Олимписките игри во Токио во 1964 година. Тогаш д-р Јоширо Хатано дизајнираше педометар со цел да ги охрабри луѓето да се движат повеќе бидејќи сфати дека западниот начин на живот е лош за здравјето на Јапонците.