Што се случува зад затворените врати?
Американската актерска двојка, 33-годишната Блејк Лајвли и 44-годишниот Рајан Рејнолдс, се сметаат за еден од најстабилните бракови во Холивуд, и покрај тоа што се популарни во јавноста, нивниот приватен живот се обидуваат да го држат што подалеку од медиумите, особено оној поврзан со трите ќерки, петгодишна Џејмс, тригодишната Инез и наскоро едногодишната ќерка чие име сè уште не е официјално откриено.
И иако се чини дека уживаат во семејната идила, неодамна излегоа информации во јавноста дека нивниот брак е сè друго освен совршен, а една од главните причини за тоа е фактот дека 33-годишничката се откажала од својата успешна кариера поради мајчинството.
Имено, според неименуван близок извор до парот, Блејк и Рајан се среќаваат со големи проблеми во бракот, наводно поради тоа што актерката повеќе не може да го толерира фактот дека додека таа седи дома и се грижи за децата, нејзиниот сопруг работи на големи проекти и постојано е отсутен. ‘Ситуацијата стана прилично неподнослива меѓу нив двајца. Кавгите беа се почести ’, изјави истиот неименуван извор, истакнувајќи дека Блејк, поради воспитувањето на децата, целосно ја запоставила сопствената кариера.
Меѓутоа, актерот, како што објасни изворот, ја сфатил својата грешка и и ветил на неговата сопруга дека таа и неговите ќерки ќе бидат на прво место. „Не беше лесно, но и двајцата кажаа дека ќе работат на нивната врска и ќе го стават семејството на прво место“ , рече изворот. Патем, и покрај различните ‘гласини’ за разводот, според нивните објави на социјалните мрежи, Блејк и Рајан сепак оставаат впечаток на изразито хармоничен пар кој ужива во секој момент заедно.