Пејачката Никол Шерцингер (42) често споделува фотографии со своето момче, поранешниот актер Том Еванс (35) и истакнува колку е среќна што го пронашла по претходните љубовни бродоломи.
На сликата, парот позира покрај базен, а Никол блеска во долг, бел фустан. Многумина им честитаа и им посакаа среќа. “Каков пар”, “Среќна годишнина”, “Толку среќни што се најдовте. Прославете ја својата љубов”, “Мило ми е што сте среќни”, коментираат следбениците на Никол.
Шерцингер минатиот викенд објави уште неколку заеднички фотографии, а втората особено ги забавуваше следбениците. Заедно со нив, пејачката напиша дека сè започнува со романтични бакнежи, а потоа завршува со смешна поза. „Најдобра двојка досега“, „Колку слатка“, „Ти си толку симпатична“, коментираат нејзините следбеници. Инаку, неодамна се шпекулираше дека Никол е бремена поради фотографија на која и се гледа стомакот. По ваквите коментари, таа наскоро ја избришала сликата.