Суштината на диетата е да се намалат маснотиите – дозволени се само 10% од дневната потрошувачка на енергија. Дозволени се и 10 проценти протеини, а количината храна што содржи сложени јаглехидрати или е богата со растителни влакна се зголемува.
Во оваа диета, менито се состои од три главни оброци и две закуски, а есента е совршено време да се држите до диетата-виножито. Се јадат зеленчук, овошје и житни култури . Есента е богата со оваа храна и сега е највкусна и најсвежа.
ПРВ ДЕН
Појадок: Сок од морков, 3-4 парчиња тост, 20 грама сирење и лажица пченични трици потопени во децилитар јогурт.
Ручек: Супа од пченка со кисело млеко, пире од компири, грашок и моркови , 100 грама риба и рендана салата од зелка зачинета со сок од лимон.
Вечера: Пита од зелка, варено јајце и чај од јачмен засладен со мед.
ВТОР ДЕН
Појадок: Чаша обезмастено млеко, јачменова каша и парче тост.
Ручек: Супа од зеленчук, варена боранија со моркови, интегрален ориз, 100 грама бело месо и варена салата од цвекло.
Вечера: Чаша јогурт, 2-4 парчиња тост и 50 грама младо сирење
ТРЕТ ДЕН
Појадок: Половина грејпфрут, палента со сок од јаболко и зелен или чај од билки.
Ручек: Супа од печурки, посни сарми и 3 парчиња леб од интегрално брашно.
Вечера: Пица од пченкарно брашно и чаша јогурт.