
После љубовната врска со помладата колешка Лили Џејмс, британскиот актер Доминик Вест се врати кај сопругата Кетрин, со која има четири деца. Грижната Кетрин му прости сè и рече дека нивната љубов може сè да надмине. Сепак, таа не изгледа толку силна како што кажува.
Пред неколку недели, 51-годишниот актер Доминик Вест беше снимен на улиците на Рим безгрижно како ужива во друштво на 31-годишната Лили Џејмс. Со бакнежи, прегратки и држење за раце, тие јасно потврдија дека се многу повеќе од колеги или пријатели.

Откако фотографиите го обиколија светот, Вест брзо се врати во Лондон кај својата долгогодишна сопруга и заедно се појавија пред медиумите и тврдат дека нивниот брак е сèуште силен.

Кетрин ФицГералд јасно стави до знаење дека е подготвена да му прости на својот неверен сопруг, сè со цел да се одржи хармонијата на семејството и да не се лишуваат децата од блискоста со таткото.
Да се потсетиме, Вест и ФицГералд имаат четири деца, а ги добија за време на десетгодишниот брак: 13-годишната ќерка Дора, едногодишниот помлад син Сенан, 11-годишниот Франсис и 7-годишната Кристабел. Покрај тоа, Доминик има и 21-годишна ќерка Марта од поранешна врска со Поли Астор.

Добро упатени извори сега велат дека Кетрин пробала сè за да го спаси бракот, но дека едноставно не успеале. ‘Кетрин и призна на нејзината најдобра пријателка дека Доминик чувствува нешто кон Лили. Иако се потруди да му даде шанса, не може да го надмине ова. Таа се чувствува скршено, што е очекувано и природно’, објасни неименуван извор за британските медиуми, додавајќи дека наскоро се спрема развод.