
Благодарение на овој план на исхрана, таа никогаш немала проблеми со телесната тежина
Иако има 62 години, популарната пејачка има совршена линија. Оваа диета е направена специјално за Мадона од нејзиниот личен тренер и нутриционист.
Оваа диета дава резултати, но не преку ноќ. Можно е да изгубите 1 килограм за седум дена, но тоа е најздравата варијанта и ветува дека килограмите нема да се вратат. Позначителни резултати ќе забележите по еден месец.
Основното правило е да јадете масти, протеини и јаглехидрати во сооднос 30:30:40.
Јаглехидратите мора да бидат од зеленчукот, овошјето, интегрални житарици а не од оние лошите како бел леб, бел ориз, брза храна, шеќер и тестенини.
Мастите се задолжителни бидејќи го намалуваат чувството на глад, го стимулираат мозокот и даваат чувство на задоволство. Заборавете на кофеинот, а како би го одржале односот (масти, протеини, јаглехидрати), јадете повеќе протеини и двојно повеќе јаглехидрати. Умерено користете преливи за салата и масла.
Пример мени
Појадок: тост со едно јајце и две белки; јаболко, портокал или круша.
Ручек: пилешки или мисиркини гради во сендвич со леб од интегрални зрна и малку мајонез.
Вечера: полна порција протеини (риба, пилешки гради или филе од говедско месо), многу зеленчук, мала порција интегрални тестенини и половина мал печен компир.
Вежбајте
Што се однесува до физичката активност, треба да одвоите еден час 3 пати неделно. Идеалниот тренинг се состои од половина час кардио програма, 20 минути сила и вежби за обликување и 10 минути истегнување.