Не се потрбни многу намирници или време
Сите ни сакаме едноставни рецепти кои се вкусни.
Состојки:
*шоља од 200мл
1 јајце
1 шоља мелени ореви
1 шоља мелко
1 шоља брашно
1 шоља шеќер (може и помалку)
½ шоља масло
½ ќесичка прашок за пециво
За фил:
2 ќесички пудинг
5-6 лажици шеќер
600мл млеко
125гр маргарин
Малку чоколадо за поросување
Подготовка:
За кората:
Изматете ги јајцата и шеќерот со миксер. Препорачуваме да го извадиде јајцето малку порано од фрижидер за да биде на собна температура. Додадете ги останатите состојки во јајцата и промешајте го сето тоа. Истурете ја смесата во подмачкан плех со димензии 22 × 22 см. Печете во загреана рерна на 180 ° C околу 25-30 минути. Оставете ја готовата кора да се излади.
За филот:
Истурете го пудингот во сад и додадете го шеќерот. Одделете еден мал дел од 600 мл млеко и истурете го во пудингот, па промешајте за да добиете хомогена смеса без грутки. Остатокот од млекото ставете го на рингла и да зоврие, а кога ќе зоврие намалете ја температурата, па сварете го пудингот.
Промешајте го пудингот и оставете неколку минути да се излади, а потоа додадете путер на коцки. Прелијте ја тортата и ставете ја во фрижидер убаво да се стегне. Потоа можете да изрендате некое чоколадо. Ако немате чоколадо, можете да посипете со мелени ореви.