
Долгогодишниот стилист на Џенифер Лопез, Скот Барнс сака да ви помогне да изгледате исто толку гламурозно за време на празниците оваа година, како и светски познатата пејачка и актерка, Џеј Ло. Како дел од промоцијата на неговата нова палета и опрема за шминка, тој претстави три прекрасни модели на шминка што можете да ги испробате за време на сезоната на празници.
Во текот на денот Очи: Користете многу светли нијанси.
Нанесете бела сенка на средина на очниот капак, над неа ставете многу светла праска сенка со четка и ставете розова сенка веднаш под веѓите. Следејќи ја линијата на трепките, ставете тенка линија на бебешка розова сенка. Усни: Започнете со розево-кафеава боја за усни, а потоа ставете два сјаја за усни со виолетова и боја на кожа.

Навечер: Нанесете топла виолетова нијанса на сенка на долната линија под трепките, слободно ставете малку посветла боја на внатрешниот дел на очниот капак, на пример темно розова, а на надворешниот дел можете да ставите златна нијанса.
Усни: Изберете многу светло розева нијанса.
Образи: Сега ви треба само розово руменило и изгледот е комплетен.

Очи: Нанесете темно сина сенка во близина на трепките во тенка линија. Потоа нанесете светло сива боја од внатрешната страна на очниот капак, а црна од надворешната страна.
Усни: кармин во боја на праска би бил идеален.
