Наместо лимон, можете да користите други вкусови, на пример, портокал или лимета. Исто така, можете да ги направите овие топчиња без додавање на боја и арома, како едноставни топчиња од бело чоколадо
Состојки:
200гр бело чоколадо
½ лажичка арома од лимон
2 капки жолта прехрамбена боја
¼ шоља путер (шоља од 2,4дл)
Кора од 1 лимон
3 лажици слатка павлака
¼ шоља шеќер во прав
Подготовка:
Чоколадото искршете го на помали парчиња и ставете го во огноотпорен сад. Додадете арома на лимон и прехрамбена боја и оставете ги настрана.
Во мало тенџере, загрејте го путерот со кора од лимон, топејќи го на тивок оган. Кога путерот целосно ќе се стопи, засилете ја топлината и додадете го кремот за матење т.е слатката павлака, мешајќи добро за да се соединат сите состојки. Не крчкајте на оган повеќе од неколку секунди.
Оваа мешавина веднаш исцедете ја низ цедалка за да ги отстраните остатоците од кора од лимон, а направете го тоа така што процедената смеса да заврши во огноотпорниот сад со чоколадо, арома и боја.
Промешајте бидејќи чоколадото ќе почне да се топи. Целта е да се добие компактна мешавина бидејќи на тој начин топките ќе бидат подобри. Кога ќе го постигнете ова, ставете сè во фрижидер да се стврдне.
На крај, направете 12 топчиња од смесата и извалкајте го секое од нив во шеќер во прав. Ставете ги во фрижидер еден час и потоа послужете ги.
Наместо лимон, можете да користите други вкусови, на пример:
лимета – зеленикава боја за храна и арома на лимета, или
портокалова – портокалова боја за храна и арома на портокал.
Исто така, можете да ги направите овие топчиња без додавање на боја и арома, како едноставни топчиња од бело чоколадо.