„Молете се за него“
Американскиот музичар, 33-годишниот рапер Џеремих, се наоѓа во болница во критична состојба откако се зарази со вирусот ковид-19, пренесува Mirror. Неговиот агент изјави дека пејачот дише со помош на апарати за дишење и се бори за неговиот живот, а бројни колеги рапери ги повикаа фановите и јавноста да се молат за закрепнување на музичарот чие вистинско име е Џереми Филип Фелтон и кој славата ја стекна со хитовите како „Birthday Sex“ , „Down on Mе“ и „Don’t Tell ‘Em“.
Раперот 50 Cent изрази загриженост за својот колега и на своите профили на социјалните мрежи испрати порака до сите: „Молете се за моето момче Џеремих. Не е добро. Овој ковие е вистинско г****. Се наоѓа на одделот за интензивна нега во Чикаго.“ Раперот Шанс исто така ги замоли фановите да го поддржат Џеремих. „Ве молам, ако можете, одвојте миг и помолете се за мојот пријател Џеремих. Тој ми е како брат, а сега е болен. Верувам во моќта на Исус, па ако можете да направите нешто, ве молам, молете се, молете се за него “, напиша тој на Instagram. Освен него, пејачката Тони Брекстон покажа дека мисли на колегаѕа и на социјалните мрежи напиша: „ Џеремих е во моите молитви“.
Семејството на пејачот вчера објави дека вирусот „лошо“ го нападнал телото на Џеремих, што според нив е невообичаено за човек на негова возраст, кој немал други здравствени проблеми. Но, тие забележаа дека неговата состојба е малку подобрена и им се заблагодарија на лекарите и на сите што се молеа за него. „Ние, семејството, би сакале да му кажеме на Светот дека ковид-19 е вистински и не треба да се сфаќа лесно“, рекоа тие во објавата на социјалните мрежи.