Принцот Вилијам сака да ја открие вистината за интервјуто на принцезата Дијана кое пред 25 години го шокираше светот!

popara22 ноември, 20201min0
The Duke and Duchess Of Cambridge Visit Coventry


Интервјуто беше емитувано на Би-Би-Си во 1995 година во емисијата Панорама и го водеше новинарот Мартин Башир. Принцезата Дајана се согласи во едно интервју да ја разјасни ситуацијата околу нејзиниот брак со принцот Чарлс, за која призна дека е завршен.

„Па, бевме тројца во брак, што е многу“, е една од пошокантните и најнезаборавните реченици што ги изговори Дијана за време на неславното интервју, што го гледаа дури 23 милиони луѓе за време на емитувањето.

Независна истрага на судијата и поранешен претседател на британскиот апелационен суд Лорд Дајсон ќе се обиде да открие како новинарот Башир ја добил приказната. За време на истрагата, еминентниот судија ќе испита неколку сведоци поврзани со настанот и ќе ја проучи оригиналната истрага за методите на Башир спроведена од Би-Би-Си, пишува The Mirror.

“Би-Би-Си е решена да ја открие вистината за овој настан и затоа спроведовме независна истрага. Целиот процес ќе го води Лорд Дајсон, кој е почитувана и високо ценета личност”, изјави директорот на Би-Би-Си, Тим Дејви.

Башир, кој сега е регионален уредник на BBC News, во моментов се опоравува од операцијата на срцето и ефектите од коронавирусот, па не можеше да ги коментира обвинувањата. И изјавата на принцот Вилијам следи по гласините дека тој е многу незадоволен од портретирањето на неговите родители во новите епизоди на серијата „Круна“ на Нетфликс. Како што пренесува „Тајмс“, принцот Вилијам верува дека „неговите родители биле искористувани и прикажани во лажно светло заради профит“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma