ВАЖНО ОТКРИТИЕ: Сега знаеме кога заболените со Корона се најзаразни! Ова е загрижувачки!

popara22 ноември, 20201min0
korona_virus_2


Истражувањата покажуваат дека пациентите имаат највисоко ниво на вирус во раната фаза на болеста, а вирусот способен за репродукција е пронајден дури девет дена по појавата на симптомите, пренесува Би-Би-Си. Колку луѓето се заразни, зависи од многу фактори, вклучително и од колку одржливи вируси или вируси што можат да се реплицираат, носат во себе и вкупната количина на вирус што ја имаат во своите тела.

Некои извештаи покажуваат дека луѓето се најмногу заразни непосредно пред да се појават симптомите и во првата недела од инфекцијата со вирусот. Истражувачите прегледале 79 глобални студии за ковид-19, во кои биле вклучени луѓе кои биле позитивни на коронавирус и кои имале симптоми на болеста. Истражувачите успеале да идентификуваат и реплицираат одржлив вирус од примероци од грло земени до девет дена по настанувањето на инфекцијата. Откриле дека количината на вирусна РНК честички (фрагменти од генетски материјал од вирусот) во примероците достигнала врв во времето на појавата на симптомите или во рок од пет дена. Покрај тоа, во примероците биле пронајдени неактивни фрагменти од вирусна РНК до 17 дена по појавата на симптомите.

korona virus


Но, бидејќи по девет дена не беше пронајден одржлив вирус што може да се реплицира, истражувачите заклучија дека е малку веројатно дека лицето е заразно после тоа. Д-р МугСевик од Универзитетот Св. Ендрјус за Би-Би-Си изјави дека наодите покажале дека луѓето се најзаразни во раната фаза на болеста и посочува колку е важна раната изолација на заразените.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma