Група од научници на Џорџискиот универзитет дојде до сензационално откритие кое би можело да биде прекретница во лечење на ерективна дисфункција и импотенција кај мажи. Отровот кој се лачи при угриз од еден бразилски пајак (Phoneutrania nigriventer) предизвикува ерекција која трае четири часа.
Најдобар лек против импотенција
До ова открите научниците дошле на дури смешен начин, како и сите големи откритија – сосем случајно: еден нивни колега, на домор во Бразил бил каснат од пајакот. Среќа, на одмор бил со партнерката, па можел нуспојавата од угризот да ја искористи., би помислиле. Но… не се одвива баш се така. При угризот од овој пајак настапува парализа и гушење и моментална ерекција. Овој процес на гушење и ерекција трае четири часа, па затоа и се знае дека и ерекцијата трае толку. Секако, доколку не се прими против отров 30 мин по каснување. Но, доколку примите противотров останувате без четиричасовната ерекција. Живи, ама без ерекција.
Овој бразилски научник, за среќа примил противотров, па пренесувајќи го своето искуство од угризот, го потикнал тимот да го проучуваат пајакот.
Се смета дека отровот од овој пајак ќе се искористи за револуционерен лек против импотенција и ќе ја замени познатата Вијагра, која има повеќе штетни ефекти, а нема ни толку долго дејство како пајаковиот отров.