Кајли позираше во новата вила од 37.000.000 долари,а сите се загледаа во костимот за капење: „И баба ми не би го носела ова!“

popara25 ноември, 20201min0
tan2020-5-29221942970-830x0

Ниту баба не би го носела овој костим за капење на Кајли“, беше коментар на обожавателот под новата објава на Кајли Џенер.

Американската старлета и најмладата милијардерка на Светот, Кајли Џенер (23) позираше во сив плишан костим за капење, а обожавателите велат дека таков костим за капење „дури и баба не би носела“.

Имено, ријалити ѕвездата позираше во костим за капење „Skims Velur“ потпишан од нејзината постара сестра Ким Кардашијан (40), и иако сакаше да ја истакне својата секси фигура, обожавателите не се воодушевени од она што го носи.

Ким Кардашијан неодамна лансираше нова линија костими за капење и плишани тренерки во соработка со богатата наследничка Парис Хилтон (39) инспирирана од 2000-тите, а едно сиво бикини особено ѝ се допадна на нејзината помлада сестра Кајли – која во моментов е попопуларна на Instagram од нејзината постара сестрa со 201 милиони следбеници.

Кајли на новите фотографии ги истакна градите, кои се за две големини поголеми од минатата година, иако негира дека направила каква било пластична операција, како и тесен струк и пошироки колкови.

На фановите не им е јасно како точно добила таква линија на тело, бидејќи како девојче била прилично слаба и се прашуваат дали ги извадила ребрата или додала маснотии на колковите и задникот. И можеби таа само порасна!

Најмладиот милијардер во Светот често се фали со луксузни предмети и скапи патувања, но обожавателите сепак коментираат дека овој костим за капење не ѝ одговара.

– Дури и баба не би го носела овој костим за капење на Кајли – гласеше еден од коментарите под нејзиниот пост, каде собра 6,7 милиони лајкови.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma