
Новото видео од српската венчавка стана апсолутен хит на социјалните мрежи.
Девојката од Србија, очигледно понесено од свадбената атмосфера, се обиде да танцува на масата во светкаво трико и потпетици, но работите не поминаа така како што замислуваше.
Таа кога ја слушна свадбената песна “Danas majko ženiš svoga sina”, скокна на масата, но во следниот момент се најде на подот.
И покрај непријатната ситуација, таа не го изгуби својот ентузијазам, туку само продолжи да се весели.
Засега не е познато кога е снимена снимката и каде се случила оваа сцена.