
Жената која ја чистеше старата машина, беше многу изненадена кога, меѓу другото, пронајде куп банкноти внатре.
Лана Кели од Кливленд на Facebook им порача на луѓето дека треба да ги отворат машините кои не работат пред да ги фрлат, а со фотографија покажа што најде во своја.
Нејзината објава стана хит, а многумина се пошегуваа дека ваквиот пронајдок ќе им помогне во сегашната ситуација. „Ми требаат тие пари“, „Еј, тоа беше мојата стара машина“, се само некои од реакциите.
