Авторката на големиот хит „Wrecking Ball“, која се разведе од австралискиот актер Лиам Хемсворт, ѕвездата на филмската серија „Игри на гладта“ во август 2019 година, неполна година откако се венчаа, сега, како што вели, бара личност која ќе ѝ обезбеди мирно пристаниште и безбедност
Поранешната тинејџерска sвезда, која се прослави во серијата Дизни „Hannah Montana“, ја шокираше јавноста кога објави дека таа и нејзиниот сопруг, со кого била во долга врска, се разведуваат.
Гостувајќи во шоуто на Хауард Стерн, актерката и пејачка изјави дека нивниот брак го решиле премногу конфликти и расправии.
„Не сакам драми, кавги и конфликти. Сакам да имам сигурност во врската. Кога ќе се вратам дома сакам да чувствувам мир. Не можам да бидам во врска каде има премногу расправии и кавги“, вели 28-годишната Мајли.
Ќерка на познатиот кантри музичар Били Реј Сајрус, се сврши со Лиам во мај 2012 година, но раскинаа во септември 2013 година. Тие ја обновија врската во 2016 година. Актерката и пејачка исто така призна дека не е сигурна дали таа и 30-годишниот актер би го кажале судбоносно „да“ доколку нејзиниот дом во Малибу не беше уништен во пожар во 2018 година.
„Ние сме заедно од мојата 16 година. Нашата куќа изгоре, останавме без сè. Можеби сакав само одредена сигурност “, рече Мајли, за која Лиам секогаш ќе има посебно место во срцето.
Инаку, младата музичарка го објави и својот дует со Дуа Липа, песната „Prisoner“ од нејзиниот годинашен албум „ Plastic Hearts“.