Според истражувањето на компанијата Durex, секое трето лице не сака да зборува за секс со партнерот, додека секое петто лице никогаш не го прави тоа.
„Многу студии покажаа дека колку повеќе парови отворено разговараат за својот сексуален живот, толку повеќе се чувствуваат задоволни, како во кревет, така и во целата врска“, вели сексологот Кејт Тејлор.
Според експертот за брак Џон Готман, паровите кои даваат по пет позитивни коментари за секоја негатива ќе бидат позадоволни, помалку склони кон развод и сексуално исполнети.
Водете дневник со желби секоја недела. Забележете кога сте биле расположени за секс и што размислувавте, гледавте, јадевте, носевте или правевте. Користете дневници за секси разговори.
Според истражувањето на авторот Џастин Лемилер, само 50 проценти од паровите ги откриваат своите фантазии, но оние кои го прават тоа се најсреќни со својот сексуален живот.
Држете се за раце за да го засилите ослободувањето на хормонот окситоцин додека зборувате. Истражувањата покажуваат дека жените претпочитаат да зборуваат за важни работи лице в лице, а мажите се чувствуваат поудобно ако зборуваат рамо до рамо.
Колку повеќе сме возбудени, толку сме поотворени и помалку сме во состојба да чувствуваме негативни емоции. Затоа, сакајте го вашиот партнер и кажете му, колку е попровокативно, толку подобро.