
Мадона се води од фактот дека за некои работи никогаш не е доцна. Оваа пејачка одлучи да направи тетоважа за прв пат на 63-годишна возраст.
Таа на социјалните мрежи им пријавила сè на своите обожаватели, објавувајќи неколку фотографии на кои ги истетовира иницијалите на шест од нејзините деца на зглобот.
„Тетовирана за прв пат“, напиша таа во описот на фотографиите. Така, нејзината тетоважа гласи „LRDMSE“, а имињата ги рангираше според возраста: Лурдс (24), Роко (20), Дејвид (15), Мерси (14) и Стела и Естер (8).