Тајните на една од најубавите жени во светот: Како се негува Зои Кравиц?

popara10 декември, 202015min0
236435_profimedia0501414894_ls


Бевме заинтригирани од тоа што таа се грижи, на кој начин и што ги прави нејзините основни ставки за убавина


Ќерката на популарниот музичар Лени Кравиц и актерката Лиза Бонет, Зои Кравиц (31) редовно се наоѓа на списоците на најубави жени во последните неколку години, како и јавни личности со најмногу стил. Бевме заинтригирани од тоа што таа се грижи, на кој начин и што ги прави нејзините основни третмани за убавина.
Зои неодамна и откри на јавноста дека основата на нејзиниот ритуал за нега е чистење на кожата. Лицето се мие наутро и навечер со препарати кои не содржат конзерванси. Таа обожава серуми, како и навлажнувачки креми и често оди на третмани во Њујорк и Лос Анџелес, градовите во кои живее.


Таа се опишува себеси како тип на жена која ги истакнува своите очи или устата со шминка, во никој случај и двете.

-Сакам црвен кармин, мислам дека е секси и шик. Кога ги шминкам очите, ми се допаѓа мачкастиот облик, без разлика дали станува збор за потег за ајлајнер „smokey eyes“. Тоа е безвременски изглед. Сакам да комбинирам обична бела маица и очи со ваква шминка, бидејќи овој вид „шминка“ ја крева скоро секоја комбинација. И ги научив тие потези за шминкање да ги направам сама – открила Зои.

-Бев среќна кога открив нешто лесно, особено затоа што не сум обожавател на тешки пудри, но сакам кожата да ми изгледа убаво и мазно. Користам коректор за пределот околу очите и носот, а ги опфаќа и сите мозолчиња. Јас ги цртам веѓите со молив, сакам да им дадам малку повеќе дефиниција. И, исто така, сакам малку да ги расчешлам, за да изгледаат диво. Се чувствувам гола ако не ги нацртам веѓите. Нанесувам осветлувач или highlighter на образите и носот и додавам „трошка“ руменило. Ми се допаѓа да ми свети лицето.


Зои открива дека нејзината најдрастична промена на фризурата била кога ја скратила косата.

-Дури тогаш сфатив колку долго се криев зад мојата коса. Таа беше како еден вид заштитна обвивка за мене, па одеднаш се чувствував многу изложена… Тоа беше одлично за мене затоа што сфатив колку се потпирам на косата за да се чувствувам женствено. Интересно беше да се погледне сопствената женственост од малку поинаков аспект. Потоа се облеков малку поинаку, поконзервативно… И имав потреба да ставам повеќе шминка бидејки лицето ми беше поистакнато. Што се однесува до нега на коса, хидратацијата ми е најважна бидејќи мојата виткана коса е особено склона кон сушење. Од препаратите, користам кокосово масло, како и масло од рузмарин.

-Она што секогаш ми паѓа на ум кога станува збор за убавината е дека секој мора да се грижи за себе. Како прво, мислам на доволно внесување вода, доволно сон и квалитетни оброци. Шминката е важна, јас секогаш го велам тоа, за да ги потенцирам работите што ги сакаме кај нас самите, но не може да ве промени скроз. Значи, ако не се грижите за себе, вашата кожа нема да изгледа добро и нема да може да поправи никаква „шминка“. Дали знаете која е мојата мала козметичка тајна? Ставив хајлајтер под коректорот. Убаво е кога сјајот е дискретно видлив.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma