Врската меѓу пејачката Тања Савиќ и нејзиниот сопруг Душан Јованчевиќ ја интригира јавноста веќе неколку месеци.
Имено, пејачката зборуваше во емисијата „Гранд Магазин“ за борбата со Душан околу децата и како тие се справуваат со целата оваа ситуација.
Душан успеа да изманипулира за сè во нашата врска и да даде детали за преписките, и со тоа да ми го наруши угледот, кој го создавав со години. Јас сум жив пример за таа манипулација. Се откажав од моите родители и сестрата поради него. Глупаво е што зборувам за тоа така, свесна сум, се разбира, дека и јас грешев. – започна пејачката.
Синоќа разговарав со децата, се случува понекогаш да разговарам малку подолго со Џоле, а понекогаш и со Максим. Имаше една ситуација последен пат кога слушнав од Максим. Тој го нацрта татко си и јас, секако, прашав кога ќе ме нацрта и мене, а тој рече „Мамо, јас не смеам да те нацртам“, ги познавам моите деца и кога молчат, знам што мислат – продолжува Тања, видливо потресена.
Веруваме дека со овој гест, таа сакаше да му каже на сопругот дека знае за што станува збор и дека е свесна дека тој им забранува на децата да ја спомнуваат.
Во овој момент не ми е дозволено да одам во Австралија, сметам дека има уште многу малку до судењето и се надевам на најдобрите вести – заклучи Савиќ.