Колачиња со пудинг од чоколадо и ванила: Само 5 состојки, готови за помалку од еден час и совршено вкусни! (РЕЦЕПТ+ВИДЕО)
14 декември, 2020
Состојки за колачиња од ванила:
125гр путер
50гр шеќер во прав
2 ќесички ванилин шеќер
125гр меко брашно
50гр прашок за пудинг од ванила
Состојки за колачиња од чоколадо:
125гр путер
50гр шеќер во прав
2 ќесички ванилин шеќер
125гр меко брашно
50гр прашок за пудинг од чоколадо
Подготовка:
- Рачно измешајте путер со шеќер во прав и ванилин шеќер.
- Додадете брашно и измешајте.
- Додадете пудинг во прав од ванила и измесете ја смесата.
- Пренесете ја смесата во ќеса за замрзнување и оставете ја во фрижидер половина час.
- Кон крајот на отстојувањето на тестото од ванила, направете смеса од чоколадо.
- Пренесете го тестото во ќеса за замрзнување и оставете го во фрижидер половина час.
- Извадете го светлото тесто од фрижидерот и откинете парчиња тесто со големина на лешник.
- Направете топчиња од тесто и ставете ги во плех обложен со хартија за печење, но оставете простор помеѓу бисквитите бидејќи ќе нараснат.
- Притиснете ја секоја топка со вилушка за да оставите трага на неа.
- Печете во загреана рерна на 180 степени целзиусови 8 минути.
- Од вкупната количина на бела смеса, ќе добиете 41 колаче.