Пејачката, Северина Којиќ, ја пријави адвокатката Жељка Покупец во Хрватската адвокатска комора и побара од комората да поведе постапка против неа, за кршење на Законот за застапување и нарушување на етиката на адвокатите.
Наводно, Северина го поднела барањето до ХОК, чиј потпретседател потврдил дека ја добиле нејзината апликација. Како што е соопштено, за неа е спорно тоа што претходно, како странка на Жељка Покупец, тогашен окружен државен правобранител во Загреб, таа изнела доверливи детали од судската постапка со Поповиќ што тие ја водеа во 2014 година, а сега Жељка Покупец го застапува Милан Поповиќ.
Северина смета дека Покупец сега има привилегирана позиција и дека требало да го одбие Поповиќ, кога тој побарал да го застапува и бара адвокатката да добие дисциплинска казна.
„Бев шокирана и не можев да поверувам дека државниот адвокат, кој работеше на мојот случај, сега одеднаш се појави како адвокат што го застапува мојот поранешен партнер, којшто јас ѝ го пријавив“, прокоментира Северина за своето барање.