Таа најде начин да ги искористи милијардите на неверниот сопруг кој ја водеше љубовницата низ целиот свет!

popara17 декември, 20201min0
Bezos-1-1


МекКензи Скот се разведе од Џеф Безос минатата година по 26 години брак и сега го исполни ветувањето да донира пари во добротворни организации.


Писателката МекКензи Скот (50) го исполнува ветувањето што го даде минатата година кога се разведе од милијардерот и основач на Амазон, Џеф Безос (56).
Имено, МекКензи рече дека ќе донира дел од богатството во добротворни цели и тоа го стори со дистрибуција на 4,2 милијарди долари на 384 организации.

“Оваа пандемија ги уништи животите на Американците кои веќе се борат. Економските загуби и резултатите од болеста беа полоши за жените, припадниците на одредени раси и оние кои живеат во сиромаштија. Во меѓувреме, богатството на милијардери значително порасна”, напишала писателката на својот блог.

При изборот на донаторски организации, МекКензи сакаше да ги задоволи основните потреби на луѓето, па им даде пари на банките за храна, средства за итни случаи и поддршка на најранливите. Таа обрна внимание на прашањата, вклучувајќи намалување на долгови и обука за вработување и образование на маргинализирани лица. Беа разгледани 6490 организации, а 822 од нив беа подложени на подетална анализа.

Инаку, богатството на писателката по разводот со Безос се проценува на околу 60 милијарди долари и таа е 18-та најбогата личност во светот, додека на него му останаа околу 190 милијарди долари и е најбогатиот човек во 2020 година.

МекКензи и Џеф се разведоа минатата година по 26 години брак, бидејќи тој ја изневери со ТВ водителката Лорен Санчез (50) во која се вљуби и беше подготвен да го уништи своето семејство. Имено, поранешните сопружници имаат четири деца, се чинеше како идилична двојка и јавноста ја освои приказната за тоа како заедно го основале Амазон и стекнале толку многу богатство.

Поради Безос, Лорен го расипала својот 14-годишен брак со познатиот ловџија на таленти, Патрик Вајтсел (55), со кого имала две деца. Љубовната врска на милијардерот и Санчез беше разоткриена од „National Enquirer“, кој напиша дека заедно патувале низ неколку држави и уживале во приватни авиони и скапи хотели.

Некои тврдеа дека биле изложени затоа што Безос, како сопственик на „Вашингтон пост“, негодувал за Доналд Трамп, кого го критикуваше и целата јавност знаеше дека се во кавга.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma