
Музичарот Зејн Малик одлучи да не присуствува на венчавката на неговата помлада сестра Валија која се заколна на вечна љубов со поранешен осуденик. Иако неколку дена претходно му рекла на својот брат дека би сакала да биде со неа во тие моменти, тој рече дека не сака да го поддржува нејзиниот брак со маж кој не ја заслужува.
Американските медиуми пишуваат дека девојката на Зејн, манекенката Џиџи Хадид, испратила порака за поддршка на 22-годишната Валија и дека и напишала дека жали што не може да биде со неа на нејзиниот најважен ден. Имено, голем дел од семејството не го поддржува овој брак затоа што младоженецот, 24-годишниот Џaунаид Кан, беше осуден на пет години затвор за кражба на автомобил.