
За затвор, се разбира, иако е доцна…
Д-р Филип Певен го помина целиот свој живот работејќи како гинеколог, а една жена сосема случајно дозна за неговата страшна тајна.
Џејми Хол сакаше да знае кој е нејзиниот биолошки татко, а нејзината мајка и рече дека е родена со помош на вештачко оплодување, од донираната сперма на пријател на нејзината мајка.
Кога Џејми направи ДНК-тест, откри дека Певен е нејзиниот татко, што, очекувано, силно ја погоди. Кога отиде да го запознае, тој и признал дека не знае ни колку деца има, бидејќи оплодил стотици жени со својата сперма. Тој и објасни дека неговата донација е многу побезбедна за оплодување.
После тоа, Џејми ја запозна својата сестра, другата ќерка на д-р Певен. Ниту едните ниту другите не се лути на докторот. Што има, нема враќање назад…