
Еден човек го полуде интернетот со својата финта за загревање на остатоците од пицата.
Шон Гонзалес објави видео на TikTok, во кое става триаголници за пица во тостер. Тогаш парчето ‘легна’ и си падна во чинија пред него.
„Треба да започнам да ги почитувам своите вештини и иновации“, напиша тој во описот на видеото, кое е прегледано повеќе од 1,4 милиони пати.
Додека некои коментираа дека тоа е супер трик што секој треба да го знае, други пишуваа дека може да предизвика пожар. „Вака се запали мојот тостер, не се шегувам, немој така“, „Мојот поранешен парнер го испроба ова и речиси го запали својот стан“, се некои од коментарите.