Новата варијанта на коронавирусот наречена „ВУИ 202012/01“ вклучува генетска мутација на протеинот „шип“ што може да биде причина за брзото ширење. Покрај трите најчести симптоми на ковид-19 – треска, сува кашлица и губење на мирис и вкус, идентификувани се седум други симптоми кои можат да бидат поврзани со нов вид на коронавирус, имено:
- замор
- губење на апетит
- главоболка
- дијареја
- ментална конфузија
- мускулна болка
- осип
Според истражувач од Кингс колеџ, „ако развиете какви било симптоми што можат да укажат на ковид-19, и вие и членовите на вашето домаќинство треба да бидете изолирани и тестирани што е можно поскоро“, пишува „Тајмс оф Индија“. Поради новиот вид на коронавирус, Велика Британија воведе нови ограничувања за спречување на ширењето на вирусот, а некои европски земји ги затворија своите граници со Велика Британија. Но, за да се заштитите, потребно е да се придржувате до досега пропишаните мерки, како што се носење маска, одржување на растојание и редовно миење на рацете.