Нејзиниот вереник Алекс Родригез стоеше во близина на сцената, а очите му се насолзија во моментот кога трепереше гласот на Џенифер.
Џенифер Лопез (51) настапи синоќа на Тајмс Сквер во Њу Јорк, во пресрет на 2021 година.
Латино дивата имаше фасцинантен костум, изведбата, како и обично, беше повеќе од моќна и со силни зборови им се обраќаше на сите што го гледаа преносот.
Нејзиниот свршеник Алекс Родригез стоеше близу сцената, а очите му се насолзија во моментот кога трепереше и гласот на Џенифер.
– Успеавме! 2020 година заврши – рече возбудената Џенифер на почетокот.
– Годината ја започнав со најголемиот настап во мојот живот, кога јас и Шакира одржавме концерт во Суперболот. Илјадници луѓе беа. Сепак, вечерва работите се малку поинакви и тоа е во ред. Ако оваа година нѐ научи нешто, тоа е да бидеме благодарни за сè што имаме и да го цениме секој момент. Изгубивме премногу. Премногу… – рече Џеј Ло со растреперен глас.
– Вечерва ќе продолжиме со живот и ќе продолжиме да сонуваме – рече таа.
Инаку, Џенифер пристигна на новогодишниот перформанс со метро.