Двајцата се секогаш на листите за најпосакувани актери во Холивуд, а ако им веруваме на таблоидите, од сега се и еден од најсексипилните парови.
Рајан Рејнолдс (34) и Шарлиз Терон (35), заедно се веќе неколку месеци, но се обидуваат да ја сокријат врската од јавноста, бидејќи се многу зафатени, па и тоа малку време што им останува не сакаат им го упропастат папараците.
“Сигурно е дека наскоро нема да ги видиме заедно во јавноста. Двајцата излегоа од врски кои бе под “лупа “ на медиумите и не сакаат тоа повторно да им се случи”, изјавува анонимен извор.
Рајан во декември минатата година, по две години брак, се разведе со Скарлет Јохансон, а Шарлиз на почетокот на минатата година, ја прекина девет годишната врска со актерот Стјуард Таунсед.