
Славниот актер Ештон Качер сметаше дека неговата сопруга, актерката Мила Кунис, гледа порно во сред ноќ, но се покажа дека тој погрешил и дека всушност таа ја гледа популарната серија на Нетфликс Bridgerton.
Анегдотата беше кажана за време на гостувањето во емисијата Today With Hoda and Jenna, а Качер објасни дека се разбудил од сонот кога ја видел Мила како зјапа во екранот на лаптопот.
“Не разбирав што се случува. Бев збунет. Мислев дека можеби некој друг е во кревет со нас”, рече тој, а потоа Мила рече:
“Тогаш бев на петтата епизода од серијата и сите знаеме што се случува во таа епизода. Нормално заспивам до десет часот навечер, но поради серијата останав будна до после полноќ. Ештон се разбуди и виде што гледав и ме праша дали е порно.“, објасни таа низ смеа.
„Го замолкнав и му реков да ме остави да ја гледам свадбата до крај“, додаде таа.
Серијата Bridgerton, која ја следи лондонската елита од 19 век, ги воодушеви гледачите ширум светот и привлече посебно внимание на жешките секс сцени.