Мелита одново одговараше на прашања на следбениците, а едно беше „најскокотливо“: „Кој моќник стои зад тебе и затоа ли јавно немаш момче… мал е градот!?“ (ФОТО)

popara8 февруари, 20215min0
мелита главна

Мелита Ракичевиќ, некогашна ТВ водителка, денес најпознатата македонска трендсетерка, по многу нешта позната, специфична, постојано актуелна во јавноста, која пак не престанува да се интересира за неа и нејзиниот живот. Ништо помалку атрактивна и интересна за медиумите, кои постојано се обидуваат да „исчепкаат“ и најситни детали од нејзината приватност, која со години е тема на нивните насловници, написи и прилози, предмет на интерес на сите оние на кои таблоидите им се омилено четиво  како „лектира“ или за дневна забава, сеедно!

Како и да е,  Мелита иако оддамна повеќе не работи во медимуите, постојанио и непрестано е дел од нивната содржина. Социјалните мрежи ништо помалку не ја третираат и се исто толку, па дури и повеќе заинтересирани затоа каде е, со кого е, што прави, што јаде, што пие, каде или со кого спие, што облекува, кој ја соблекува, што купила, што добила на подарок и од кого, има ли ново момче или некој ја „спонзорира“, да ли е „старлета“ или градска ведета… И уште илјада и една претпоставка, нагаѓање, шпекулација, за оваа позната наша дама. И додека за едни Мелита е вистинска кралица, дама за почит и грација, други ја ставаат во „поинаква комбинација“, но сепак сите не престануваат да се интересираат за неа и нејзината приватност.

За нештата да бидат појасни, Мелита одвреме-навреме знае да отвори душа, па го отвора својот Инстаграм профил за прашања на своите следбеници и оние кои не се тоа, ама многу ги интерсира што ќе им одговори на она што по кулоарите се шушка или гласно говори за неа, па така и овој пат се стави себе си на располагање да биде отворена за јавноста.

Прашања многу – одговори исто толку, од кои некои познати, некои непознати, дузина комплименти и по некоја провокација… Колку за да ја задржи тензијата и одново заскокотка целата нација која неодоливо ја интересира, што тоа Мелита чува затскриено зад својата завеса… на животот?  Еве дел од нив:

„Слушам ја напушташ Македонија, немој…!?“ – ја праша еден загрижен обожавател, а Мелита не ја потврди веста, но во оговорот ја наговести таквата можност:

„Има вистина дека правам некои планови… Сериозно се возможни, но заради ситуацијата, се е ставено во фаза на мирување“ – одговори Мелита.

„Ексцентрична си многу, дали е тоа маана или…?“ -беше прашањето за спецификите на нејзината личност и постапки, на што Мелита одговори:

„Апсолутна посебност и реткост. Да се издвоиш секогаш од другите, да имаш нешто силно, свое, кое те обележува… И храбро е да си ексцентрик,. Секогаш ќе го свртиш вниманието“.

„Живееш под лупа, дали е напорно и како издржуваш?“ – ја прашаа, а таа возврати: „Пренапорно е веќе. Кај мене никогаш не стивнува. Ми се следи секој чекор, се’ разбирам, и не ми пречи длабоко во себе, но малку сум уморна. Злобните не ги ни забележувам, а добрите ги почитува. Имам многу, многу фанови и ми значат!“

Она што веројатно најмногу ги интересира многумина, беше тема на следната тура од неколку прашања: „Во чии прегратки паѓа Мелита“, па  првото е повеќе констатација, отколку прашање:

„Само се чека со кој среќник ќе се појавиш јавно, ќе биде јако“ – напиша нејзиниот фан, со што ја изнасме Мелита: „На глас се смеам искрено, ха, ха ха…“, возврати таа.

Но веќе со следното прашање не и беше до смеење, па на сочната провокацијата: „Кој моќник од МК стои за се’ зад тебе и затоа јавно немаш момче, мал е градот!?“ – нејзиниот одговор беше исто толку жесток:

„Глупости. Болни фантазии на кретени!“

Поддршката стигна веќе во следниот пост: „Одлична си, нека пукнат душманите“, на што Мелита се надоврза наместо одговор: „Секој си има своја мисија, свој пат и без препреки би било многу едноставно. Душмани имам цел живот, никако да најдат мир“.

Но, не само провокативните, туку можеби и повеќе од тоа емотивните прашања ја допреа некопгашната водителка, особено оние врзани за нејзината наследничка и животна и во професијата, ќерката Барбара која тргна по патот на Мелита и заплови во водителските, но и во пејачките води, па на прашањето кога и дали Барби ќе има нова песна, нејзината мајка одговори:

„Да, веќе има нова песна која е снимена, а за неа ќе има спот и многу наскоро ќе ја промовира во етерот“.

Она што ја разнежни некогашната ТВ водителка беше молбата од една нејзина ообожавателка да ѝ подари парче од својата гардероба, на што Мелита ѝ возврати:

„Баш ме погоди во срцето. Уште денес ќе ти пишам порака и ќе ти подготвам изненадување“ – ја развесели својата обожавателка Мелита, која одговараше уште на дузина повеќе или помалку вообичаени прашања на своите следбеници на социјалните мрежи, а најзините одговори како и секогаш го побудија интерсот на јавноста.

Преземено од https://vistina.com.mk/