Кејт Хадсон и нејзиниот вереник Мет Белами го открија името на нивниот новороден син: Бингам Хоун Белами!
“Многу сме среќни! Имаме машко бебе, Бингам ‘Бинг‘ Хоун Белами. Родено е на 9-ти јули”, тие објавиле на Twitter страната.
Мајката и бебето се здрави. Мама била силна, Бинг се родил по 4,5 часа интензивно породување.
Ова е нејзиното второ дете. Таа има 7-годишен син, Рајдер, со музичарот Крис Робинсон.