Американската музичка дива Бијонсе (39) објави нова фотографија на социјалната мрежа Инстаграм, на која ги истакна своите волшебни атрибути, па го запали интернетот со нов пост.
Имено, познатата пејачка позираше во новата колекција на нејзината облека „Icy Park“, а со своите пози ја разбуди фантазијата кај мажите ширум светот.
На новата фотографија, победничката на 24 Греми позираше во беж облека во која ги истакна своите заносни облини – затегнати нозе, заоблени колкови и брутален задник.
Таа позираше во латекс боди и латекс чизми над колената, а нејзината фигура, велат обожавателите, никогаш не била подобра. Неодамна се шпекулираше дека поп дивата во последно време „качила неколку килограми“, но новите фотографии ги демантираат тие приказни.