Доколку сакате малку да ја промените вашата исхрана, обидете се со овој ручек
Состојки на тесто:
400 гр спанаќ
1 лажица сол
500 гр брашно
2 јајца
Состојки за полнење:
200 гр печурки буковки
200 гр сирење
100 гр сино сирење
Состојки за сосот:
350мл доматно пире
2 чешниња лук
1 лажица мед
босилек
сув зачин
бибер
Подготовка:
Спанаќот избленширајте го, па сомелете го, додадете го во брашното во кое сте додале јајце и сол и замесете тесто. Поделете на два дела и оставете го во фрижидер половина час. Соединете ги состојките на сосот и варете до саканата густина. Исржете ги буковките и соединете ги со сирењето. Расукајте го тестото и ставете го филот, одозгора ставете друг дел од тестото и пресечете го во облик на равиоли. Равиолите гответе ги во врела вода. Тие се готови кога ќе излезат на површина. Сервирајте на сосот и додадете бадеми и пармезан по желба.
Пријатно!