Како што ја спакувавте зимската облека и ја тргнавте на страна, така и зимската храна треба да се замени со летна. Високите температури и потењето дополнително ви го исцрпуваат организмот и губите повеќе енергија која треба да се надокнади. Наоружајте се со овошје и зеленчук, со јогурт и сладолед и ужувајте во летото. Водете сметка да конзумирате намирници богати со вода. Еве што треба да јадете во текот на летото:
Овошје, тоа сезонско. Сега се актуелни јагоди, цреши, праски, кајсии, дињи и лубеници. Овие овошја се богати со вода, а за витамини да не зборуваме. Овошјето јадете го меѓу оброци. Тоа ќе му годи на системот за варење и на целото тело.
Зеленчук – патиџани, краставици, пиперки. И овие зеленчуци се богати со вода. Секако треба да ги вклучите и останатие зеленчуци. Зелечукот може да се јаде и свеж и зготвен. Не заборавајте ги тиквичките и брокулите кои се лесни, хранливи, а истовремено и вкусни.
Супи – може да се јадат за ручек или вечера. Можат да бидат топли и ладни, но важно е да се бистри. Најдобри се онбие од сезонски зеленчук. Која и да ја одберете нема да згрешите. Супите влијаат добро на варењето, го забрзуваат метаболизмот и позитивно делуваат на целото тело. Идеални се како предјадење.
Јогурт – овошен или кисел јогурт. Јогуртот ќе ви го забрза метаболизмот, ќе ви го олесни варењето и ќе ви ја даде потребната енергија.
Вода – наместо газирани сокови пијте вода. Водата е најдобар избор, а можете да ја пиете во големи количини.
Бело месо – хранливо е, здраво, а понекалорично од црвеното. Наместо телешко одберете риба, а наместо јунешко одберете пилешко.
Летото е идеален период за губење килограми, затоа сменете го начинот на исхрана и ќе ви биде полесно бидејќи на лето е топло, пиете многу течности и нематге голем апетит како во текот на зимата. Не заборавајте на физичката активност која е од голема важност.