
„Хајди сигурно е горда на својата ќерка“, е еден од коментарите
Американската манекенка со германско потекло, Хајди Клум (47) ги запали социјалните мрежи со кадри од нејзината ќерка Лени Клум (16).
Хајди и Лени се многу блиски, а девојчето тргна по стапките на нејзината мајка во кариерата. Почна да снима сè повеќе кампањи, а мајката и ќерката неодамна „се појавија“ заедно на насловната страница на списанието „Вог“.

Така, Хајди беше присутна на една од фотосесиите на нејзината наследничка и по тој повод ги забележала кадрите додека таа позирала. Младата Лени привлече големо внимание во јавноста со својот изглед и навистина има ангелска убавина.
„Лени е преубава!“, „Изгледа како ангел“, „Копија на Хајди“, „Дали е реално да е толку убава?“, „Хајди сигурно е горда на својата ќерка“, „Вистинска мала манекенка“, се некои од коментарите.
Инаку, Хајди ја доби ќерката со италијанскиот бизнисмен Флавиј Бриаторе, со која раскина кратко откако дозна дека е бремена, а ја воспитуваше пејачот Сил.
Манекенката има уште три деца, Хенри (15), Јохан (14) и Лу (11), кои ги доби со пејачот Сил (57), со кого беше во брак од 2005 до 2014 година.
Да се потсетиме, Хајди неодамна беше фотографирана со својата ќерка Лени и нејзиното момче на шопинг, а многу фанови тогаш рекоа „дека мама баш и не мора да ја следи на состанок“.


