ЗОШТО имаме КОШМАРИ? Научниците го имаат одговорот!

20 март, 2021
nocne-more-660x450

Научниците од универзитетите во Швајцарија и САД ги проучувале реакциите на мозокот на различни видови соништа. Тие заклучија дека кошмарите исто така можат да имаат позитивни ефекти.

Во студијата, наведуваат дека кошмарите ни помагаат да го контролираме стравот додека сме будни. Ова, сепак, не се однесува на трауматски кошмари кои не дејствуваат позитивно.

Откриле дека областа на мозокот задолжена за контрола на одговорите на стравот е поефикасна по лошиот сон.

Соочете се со стравот

Ова сугерира дека кошмарите ги подготвуваат луѓето да се справат со стравот кога се будни. Колку почесто имаме кошмари, толку е поголемо нивото на активност во делот од мозокот кој управува со стравот.

„Соништата може да се гледаат како вистински тренинг и потенцијално можат да нè подготват да се соочиме со опасностите во реалниот живот.

Но, ако одредена количина страв биде надмината во сон, таа ја губи корисната улога на емоционален регулатор “, вели Лампрос Перогамврос од Универзитетот во Женева

escort - Korsan taksi