Пејачката донесе важна одлука, а документарниот филм што го сними зборува за нејзиното повлекување од јавната сцена
Американската пејачка Тина Тарнер е на јавната сцена повеќе од шест децении и благодарение на успехот и популарноста што ги постигна во кариерата ѝ беше доделена титулата кралица на рокенролот, а на 81-годишна возраст реши да се повлече и да се збогува со своите обожаватели.
Тарнер реши да ѝ се оддолжи на својата верна публика, која беше со неа претходните 60 години, и направи документарец за „HBO“ во кој ја раскажува својата животна приказна. Овој документарец е всушност последното обраќање на пејачката кон јавноста и збогување од обожавателите, а во филмот таа вели дека сака да влезе во третото и последното поглавје од нејзиниот живот без рефлектори.
Во документарецот, Тина се сеќава на својата младост, исполнета со тага и болка, а потоа и на нејзината вистинска љубов и глобалната слава што ја стекна во зрелите години. Филмот открива дека пејачката страда од посттрауматски стрес, што е последица на долгогодишното семејно насилство кое го претрпела додека била во брак со Ајк Тарнер.
– Трпев малтретирање, нема друг начин да ја раскажам оваа приказна. Тоа е реалноста. Вистина е. Тоа е она што го добивате, па мора да го прифатите. Ова не е убав живот. Доброто не го надмина лошото – заклучи Тина, која преживеа мозочен удар и борбата против ракот.
По бракот со насилникот Ајк, таа најде среќа во средината на 1980-тите со Ервин Бах, директорот на издавачката куќа. Во филмот, фановите на Тина можеа да ја слушнат и неговата вознемирувачка изјава.
– Тина ми рече „Ајде да одиме во Америка, сакам да се простам од моите фанови. Да им кажам збогум и да им се заблагодарам за сè и тоа ќе биде мојот крај. Моето последно збогување – признава пејачката во еден од извадоците од филмот Бах.
Да потсетиме, животот на Тина беше прикажан и претходно, прво во нејзината автобиографија од 1986 година „Јас, Тина“, а потоа и во биографскиот филм од 1993 година, во кој улогата на Тина ја толкува Ангела Басет.