Хелен Мирен иако има 65 години, не се срами од своето тело. Таа се соблече за насловната страна на магазинот “Esquire”. Оскаровката Хелен, е горда што е британка, а горда е и на своето тело. Затоа таа пред објективот се појавила гола, прекриена само со знамето на Британија.
Во интервјуто за магазинот таа изјавила дека не сака да троши многу пари на скапа гардероба. Пред се би ги потрошила парите на добар шампањ и вечерни излегувања.
Исто така таа признала и дека и е многу тешко да работи на филмски проекти кои се дело на нејзиниот сопруг, Тејлор Хакфорд. Но, затоа пак многу ми е интересно после снимањето, кога одам во кревет со режисерот, изјавила Хелен.