Џенифер Анистон, Сара Џесика Паркер, Џенифер Лопез и Елтон Џон се само дел од ѕвездите на “$ellebrity”.
Фотографот, Кевин Мазур ги собра познатите личности за неговиот документарен филм за подемот папарацо културата, а ѕвездите учествуваат со давање изјави или нарација на филмот.
“Сакав да го претставам двете страни на приказната, од една страна да ги итервјуирам папараците, а од друга нивните “мети”. Од познатите добив навистина интересен материјал”, изјавува Кевин.
Публиката, помеѓу другото ќе дознае со кои методи Анистон се служи за да ги избегне фотографите или како Сара Џесика Паркер се чувствувала во поодмината бременост ја нападнале папараците.
Филмот ќе има премиера кон крајот на оваа година.